Kосовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Хашим Тачи изјави дека илегалната имиграција на жителите на Косово кон земјите во ЕУ е загрижувачка појава, оценувајќи дека причина за тоа е одложување на одлуката на Брисел за либерализација на визниот режим.
Тачи смета дека жителите на Косово треба да се чувствуваат како Европејци и оти слободата на движење е нивно неотуѓиво право.
– Ние ги извршивме нашите задачи, сега на Брисел останува да донесе одлука – рече тој.
На прашањето за суспензија на учеството на Листа Српска во работата на косовскиот Парламент и Владата поради смена на српскиот министер за враќање Александар Јаблановиќ, Тачи изрази очекување дека Српска ќе остане дел од Владата и од Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба