Американката Кајли Џин Милер, Американката која им беше заложник на екстремистите од групата Исламска држава е мртва, потврди Белата куќа.
САД ќе ги пронајдат и ќе ги изнесат пред лицето на правдата одговорните терористи, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Родителите на Кајли, Карл и Марша Милер, објавија соопштение во кое се наведува дека се информирани за смртта на нивната ќерка.
Исламската држава во петок соопшти дека во напади на јордански авиони на сирискиот град Рака, е убиен еден нивни заложник и дека станува збор за американски хуманитарен работник Кајли Џин Милер.
Според тврдењата на џихадисти Милер е убиена за време на молитва во напади, што како цел имале иста локација повеќе од еден час. Јорданските власти ги отфрлија обвиненијата како пропаганда.
Кајли Џин Милер е киднапирана во август 2013 година од болница во Сирија. Таа е единствениот познат американски заложник во рацете на ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тројца војници отстранети од должност во Белата куќа поради „несоодветен контакт со странки“
-
Едвај чекам да стекнам спомени во нашата нова куќа-ова е погледот од Белата куќа во кој уживаат новите станари!
-
Меланија попушти, влезе во Белата куќа (Фото)
-
Меланија конечно ја донесе одлуката на која долго се чекаше