| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисмени од Индија заинтересирани да инвестираат во Охрид

Invest in macedonia-

Претставници на инвестициски фондови и компании од Индија се заинтересирани за инвестирање во Охрид, особено во областа на туризмот, здравството, градежниот сектор и незагадувачката  индустрија.

Ова го соопштија денеска на средба со заменик-градоначалникот Ангел Јанев и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов.

Индиските бизнисмени ги поздравиле поволните услови за инвестирање, близината на аеродромот, пристаништата во Солун и Драч, како и најавите за подобрување на патната инфраструктура, откако претходно имале можност да ја видат презентацијата за можностите што ги нуди Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top