| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонските средношколки трошат по седум часа дневно на мобилен

japanski mobilkiСредношколките во Јапонија минуваат по седум часа дневно на мобилен телефон, а најновото истражување покажа дека 10 отсто од нив целуларната направа ја користат и по 15 часа на ден.

Нивните другари на иста возраст мобилниот телефон го употребуваат по четири часа дневно, што е исто така многу, но далеку помалку од женската средношколска популација.

Компанијата „Дигитал артс“, која го спроведе истражувањето, соопшти дека тинејџерите најмногу ги користат мобилните за приклучување на социјалните мрежи, но и за правење сопствени видеопораки.

Компанијата потсети на неодамна објавеното укажување на кинеските научници, кои тврдат дека претераната употреба на преносните елктронски уреди предизвикува слични нервни симптоми како последиците од консумирањето алкохол и наркотици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top