Средношколките во Јапонија минуваат по седум часа дневно на мобилен телефон, а најновото истражување покажа дека 10 отсто од нив целуларната направа ја користат и по 15 часа на ден.
Нивните другари на иста возраст мобилниот телефон го употребуваат по четири часа дневно, што е исто така многу, но далеку помалку од женската средношколска популација.
Компанијата „Дигитал артс“, која го спроведе истражувањето, соопшти дека тинејџерите најмногу ги користат мобилните за приклучување на социјалните мрежи, но и за правење сопствени видеопораки.
Компанијата потсети на неодамна објавеното укажување на кинеските научници, кои тврдат дека претераната употреба на преносните елктронски уреди предизвикува слични нервни симптоми како последиците од консумирањето алкохол и наркотици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.