| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџерот по 10 години раскажува поради што пропаднал Тајсон

Рори Холовеј, некогашниот менаџер и пријател на Мајк Тајсон, раскажува дека Челичниот Мајк можел да биде најголем во историјата.

majk-tajson1

Животниот пад на Мајк Тајксон се случил најмногу поради неговата слабост кон жените. Барем така тврди Холовеј, еден од неговите поранешни менаџери и добри пријатели, кој молчел десет години, од почит кон Тајсон.

Тој сега сè открил во својата книга „Скротувајќи го ѕверот: Нераскажаната приказна за Мајк Тајсон“, во која открива непознати детали од кариерата на еден од најпознатите боксери на сите времиња.

Инаку, Тајсон е осудуван силувач, но тоа не ја запрело неговата сексуална зависност. Холовеј раскажал дека морале да најмат телохранители, но не да го чуваат од напади, туку од самиот себе. Тие го чувале 24 часа, за да не се искрате во потрага по женско друштво.

Тајсон го одлушеви светот откако во 1986 година стана најмладиот светски првак во историјата, а само шест години подоцна е осуден поради силување на осумнаесетгодишната Дезире Вашингтон, во хотелска соба во Индијанаполис.

Холовеј во книгата пишува дека тоа било неизбежно и дека се чуди како и други девојки не го тужеле поради силување.

Шокантно било тоа што се случувало додека бил во затвор. Холовеј пишува за тоа кога му одел во посета чуварите му кажувале дека неможе да стигне до него, затоа што девојки чекале во ред за да го посетат. Тој во затворот добивал повеќе девојки отколку кога бил на слобода.

Холовеј во книгата пишува и за тоа дека кога почнале да пристигнуваат парите, пристигнале и девојките. Прво локалните од Бруклин, а потоа му се„лепеле“ модели и глумици. Тие ги сакале неговите брзо заработени пари и неговата репутација на „лошо момче“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top