| четврток, 6 декември 2018 |

Прислушувани двојно повеќе Белгијци

prisluskuvanjeБројот на прислушуваните разговори со судска дозвола во Белгија двојно се зголемил во последните седум години, објавија локалните медиуми.

Минатата година секој месец биле издавани по 600 такви одобрувања. Вкупниот број на контролираните телефони во 2014 година изнесувал 7.200, додека во 2007 година оваа мерка била преземена врз 3.603 граѓани.

Случаите на прислушување постојано се зголемуваат и главно се поврзани со активностите на осомничени терористи и исламисти. И трошоците за оваа дејност се зголемуваат, од 12,9 милиони евра во 2011 година достигнале 15 милиони евра минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top