| четврток, 6 декември 2018 |

Вла­до Ге­ор­ги­ев: На­ра­ча­ни­те пес­ни не тра­ат по­ве­ќе од 20 де­на (ВИДЕО)

По де­се­тго­диш­на па­у­за, срп­ски­от пе­јач со цр­но­гор­ска крв Вла­до Ге­ор­ги­ев пра­ви го­лем со­ли­стич­ки кон­церт во Скоп­је на 14 фе­вру­а­ри во аре­на­та „Бо­рис Трај­ков­ски“

Vlado-Georgiev-int127-1

За се­бе ве­ли де­ка, ка­ко и си­те кан­та­вто­ри, при­па­ѓа на ед­на чуд­на сор­та лу­ѓе кои го пи­шу­ва­ат и пе­ат сво­јот жи­вот. Вла­до Ге­ор­ги­ев ужи­ва во жи­во­тот без план, а кон ра­бо­та­та, пак, има со­сем спро­ти­вен став. Овој гла­сен по­бор­ник про­тив тур­бо­фол­кот и хи­пер­про­дук­ци­ја­та ве­ли де­ка е нај­важ­но се­ко­гаш да се во­ди­те по сво­ја­та емо­ци­ја, ба­рем ко­га ста­ну­ва збор за му­зи­ка­та.

 За 14 фе­вру­а­ри ве­ту­ва, пред сè, до­бра ор­га­ни­за­ци­ја, од­лич­на гру­па, звук, освет­лу­ва­ње, тан­ча­ри и сè што е по­треб­но за ква­ли­те­тен кон­церт. Ве­ли ќе го сла­ви Три­фун, но ќе пее и за тие што го сла­ват Ва­лен­тин.

 Вие ве­ќе сте на­ста­пи­ле во аре­на­та „Бо­рис Трај­ков­ски“, но ка­ко го­стин на кон­цер­тот на Оли­вер Дра­го­је­виќ пред не­кол­ку го­ди­ни. Има­вте мож­ност да го про­ве­ри­те тој про­стор ка­ко кон­церт­на са­ла. Кол­ку сте за­до­во­лен?

Ге­ор­ги­ев: Са­ла­та е уба­ва, го­ле­ма. Бе­ше уба­во, би тре­ба­ло и се­га да би­де та­ка.

 Ток­му на тој кон­церт, ко­га се по­ја­ви­вте на сце­на­та ед­на на­ша поз­на­та актер­ка и неј­зи­ни­те дру­гар­ки бу­квал­но ви се на­фр­ли­ја и вре­скаа по Вас. Што мис­ли­те, зо­што пре­диз­ви­ку­ва­те та­кви ре­ак­ции кај же­ни­те?

Ге­ор­ги­ев: Е тоа не знам, ќе мо­ра да ги пра­ша­те нив (се смее).

 Vlado-Georgiev-int127-2

Пес­ни­те од Ва­ши­от трет ал­бум, ка­ко и од прет­ход­ни­те два, по­ми­наа од­лич­но кај пуб­ли­ка­та, но ме­ѓу нив има де­се­тго­диш­на раз­ли­ка. Пред по­ве­ќе од ед­на го­ди­на ре­ши­вте актив­но да се вра­ти­те на сце­на­та со свои автор­ски пес­ни, но да­ли по оваа тур­не­ја по­втор­но ќе има го­ле­ма па­у­за или има­те ма­те­ри­јал за уште еден?

Ге­ор­ги­ев: Има пес­ни, се­ко­гаш има. Јас овој ал­бум го на­пра­вив со сма­лен из­бор. Ра­бо­тев на пре­ку 40 пес­ни и од се­то тоа из­ле­зе овој ал­бум. Во ме­ѓу­вре­ме пи­шу­вам и не­кои но­ви пес­ни, па по­втор­но ќе на­пра­вам не­што ком­би­ни­ра­но.

 Поз­нат сте по ба­ла­ди­те. Пре­суд­но е да сте та­жен или со скр­ше­но ср­це за да из­ле­зе до­бра пес­на од Вас?

Ге­ор­ги­ев: Мис­лам де­ка не, не мо­же­те да ка­же­те де­ка „Троп­ски бар“ е ло­ша пес­на. Не мо­ра чо­век да би­де та­жен, бит­но е ко­га ја пи­шу­ва пес­на­та, да би­де на ни­во со сво­е­то рас­по­ло­же­ние и да ра­бо­ти на таа ви­бра­ци­ја за сво­ја ду­ша. Она што то­гаш авто­рот на­ви­сти­на го чув­ству­ва, до­кол­ку има инс­пи­ра­ци­ја, мо­ра да го на­пи­ше. За­тоа Ком­по­зи­то­ри­те и тек­сто­пис­ци­те што пи­шу­ва­ат по на­рач­ка, ко­га не­кој ќе им на­ра­ча пет пес­ни, па не­кој уште три, тие ќе сед­нат и го ра­бо­тат тоа ка­ко за­на­ет. И пос­ле ај­де да се вкло­пи ри­ма­та за да мо­же да се пее, за­тоа и та­кви­те пес­ни тра­ат 20 де­на и тоа се ви­ка хи­пер­про­дук­ци­ја. Јас сум го­лем про­тив­ник на тоа и не ми се до­па­ѓа тоа.

 Мо­же­би и за­тоа пес­ни­те на кои им се по­све­ти­ло по­ве­ќе вре­ме се не са­мо по­ква­ли­тет­ни, ту­ку и по­ска­пи?

Вла­до: Нор­мал­но, но важ­но е што ква­ли­тет­ни­те пес­ни тра­ат дол­го. На кра­јот ќе дој­де­те по 10 го­ди­ни и ако це­ла са­ла ја пее таа пес­на, тоа е го­лем комп­ли­мент за ра­бо­та­та.

 Ва­жи­те за про­фе­си­о­на­лец, ба­рем ко­га ста­ну­ва збор за ра­бо­та­та. Ду­ри и се по­ја­ви­вте на­вре­ме на овој на­стан, што е ре­ткост кај нас. Ве нер­ви­ра ли не­про­фе­си­о­нал­но­ста кај Ва­ши­те ко­ле­ги или, пак, не­се­ри­оз­ни­от од­нос кон му­зи­ка­та?

Ге­ор­ги­ев: Јас мис­лам де­ка кој би­ло што са­ка да би­де ус­пе­шен во сво­ја­та ра­бо­та мо­ра да се по­ста­ви ма­кси­мал­но про­фе­си­о­нал­но за да не на­вре­ди ни­ко­го. Мно­гу е ло­шо да за­доц­ниш на прес-кон­фе­рен­ци­ја. Што се од­не­су­ва на ра­бо­та­та, се тру­дам да не­мам ни­ка­ков кикс и тоа го ба­рам од сво­ја­та еки­па и од лу­ѓе­то што ра­бо­тат со ме­не. Дис­цип­ли­на­та е не­што што е мно­гу важ­но ко­га ста­ну­ва збор за ра­бо­та­та. Со­се­ма спро­тив­но е ко­га е при­ват­но­ста во пра­ша­ње. Ако при­ват­но са­ка­те да сте до­бро и да се за­ба­ву­ва­те и да би­де­те до­бри со ва­ше­то друш­тво, то­гаш не мо­же­те да кал­ку­ли­ра­те ни­што и не смее да има дис­цип­ли­на, ни­ту ка­кви би­ло пла­но­ви.

 Глас­но го ка­жу­ва­те сво­јот став про­тив тур­бо­фол­кот и шо­у­а­та на кои се пее та­ква му­зи­ка. Лич­но бе­вте во жи­ри­то на шоу за по­тра­га по му­зич­ки та­лен­ти, но та­му не­ма­ше тур­бо­фолк. Кол­ку тој тип ре­ал­но шоу е до­бар за про­мо­ци­ја на мла­ди та­лен­ти?

Ге­ор­ги­ев: Јас мно­гу са­кам да го под­др­жам се­кој млад и та­лен­ти­ран му­зи­чар. Са­кам мно­гу да им по­мог­нам и им по­ма­гам. Са­кам да го да­дам сту­ди­о­то на не­ко­ја до­бра гру­па ако тре­ба и без па­ри би­деј­ќи де­нес е те­шко да се гра­ди ка­ри­е­ра. Зву­чи не­ло­гич­но, но во вре­ме на ин­тер­нет, ко­га би тре­ба­ло да е по­лес­но лу­ѓе­то да се про­мо­ви­ра­ат, тоа оди мно­гу бав­но за­тоа што ин­тер­не­тот е за­ду­шен од ил­јад­ни­ци та­лен­ти, но она што ги изд­во­ју­ва лу­ѓе­то е автор­ска­та ра­бо­та, ко­га не­кој е ком­по­зи­тор, ко­га не­кој ја ра­бо­ти сво­ја­та му­зи­ка. На „Јут­јуб“ мо­же­те да нај­де­те мно­гу му­зи­ча­ри што пра­ват обра­бо­тки и мно­гу од нив пе­ат по­до­бро од ори­ги­на­лот из­ве­ду­вач, но ед­но­став­но со тоа не му се ин­те­рес­ни на ни­ко­го. Мно­гу е важ­но автор­ски да сте ори­ги­на­лен, да има­те што би­ло ва­ше, што лу­ѓе­то мо­жат да го пре­поз­на­ат и да им се до­пад­не.

 Vlado-Georgiev-int127-3

Вие сте еден од ре­тки­те му­зи­ча­ри што не­ма­ат ду­ет со свој ко­ле­га или ко­ле­шка. Пла­ни­ра­те та­ква со­ра­бо­тка со не­ко­го?

Ге­ор­ги­ев: Зна­е­те, мно­гу­ми­на са­ка­ат да сни­мат ду­ет со ме­не, но јас не­кои мо­рам да ги од­би­јам, па не­кои лу­ѓе ќе ми се на­лу­тат до­кол­ку сни­мам со не­ко­го. За­се­га ва­ка е до­бро.

 Ре­ко­вте де­ка зна­е­те мно­гу ма­ке­дон­ски пес­ни. Слу­ша­те ли ма­ке­дон­ска му­зи­ка, има­те ли во­оп­што не­кое мис­ле­ње за неа?

Ге­ор­ги­ев: Мо­рам да ка­жам де­ка не мо­жам да стиг­нам да сле­дам, не ја сле­дам ду­ри ни на­ша­та сце­на, а те­ле­ви­зи­ја мно­гу мал­ку гле­дам. Има ту­ка ко­ле­ги кои ми се до­па­ѓа ка­ко ра­бо­тат, но не би би­ло фер да изд­во­ју­вам.

 Во ед­но не­о­дам­неш­но ин­терв­ју, Ва­ши­от од­го­вор бе­ше из­ва­ден од кон­текст и се ра­ши­ри де­ка са­ка­те ма­ке­дон­ско де­вој­че…

Ге­ор­ги­ев: Па да, јас са­мо се ше­гу­вав, по­тоа не­кој тоа го из­ва­ди од кон­текст, но, пак, ќе ре­чам, којз­нае, зо­што да не.

 Ви го­ди ер­ген­ски­от жи­вот?

Ге­ор­ги­ев: Ми од­го­ва­ра, ште­та што жи­во­тот не трае две­сте го­ди­ни (се смее). Но, искре­но, би са­кал да ја срет­нам ви­стин­ска­та же­на и да на­пра­вам се­мејс­тво со неа.

(Пишува: Марина Костовска Текст објавен во 127. број на неделникот „Република“, 06.02.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top