На планинскиот премин Ѓавато има забрана за движење на тешки товарни возила поради снег на коловозот. За другите видови возила се препорачува употреба на зимска опрема.
На патниот правец Катланово – Велес, по наплатната станица Сопот, поради можен одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Кочани–Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е сеуште во целосен прекин за секаков вид на моторни возила. Сообраќајот се пренасочува преку Виница – Пехчево – Делчево.
Сообраќајот на патниот правец Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излеана вода од река Вардар на подвозникот.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.
Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.
Локалниот пат за с. Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с. Подареш – Радовиш.
Регионален патен правец од с. Тополчани кон с. Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.
Патниот правец Битола-Старавина Р-1311, 8 км. пред село Новаци затворен е за сообраќај поради висок водостој.
Поради вода на коловозот, сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Корешница е нормализиран за сите видови на возила.
Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег кој не се задржува на коловоз има на Попова Шапка, Стража, Маврово, Прилеп, Ресен, Битола и Крушево, а снег со среден интензитет кој се задржува на коловоз има во Буково, Плетвар, Пресека, Железнец и Ѓавато.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.