
Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва изјавил дека неговата влада ќе ги одржи сите свои ветувања од предизборната кампања.
Тој додал дека Грција ќе го почитува својот долг што ќе успее благодарение на транзицискиот план кој го бара од европските партнери, а рекол и дека од Германија бара обештетување за Втората свтска војна.
Меѓу првите мерки, Ципрас го најави законот за „повторно воспоставување“ на укинатите државни РТВ и ЕРТ, затворени во јуни 2013 година.
– Непоколебливата одлука на Владата е да ги почитува своите ветувања од предизборната кампања. Тоа е прашање на чест и почит – рекол Ципрас во програмскиот говор во Собранието на Грција.
Тој уверува дека Грција сака да го почитува својот долг, и ги повикал партнерите на својата земја да дојдат на преговарачка маса за да разговараат за начинот тоа да биде одржливо.
СИРИЗА пред изборите најавила дека од Германија ќе бара обештетување од 162 милијарди евра што е еднакво на износот на половина од актуелниот долг на грчката држава кон странските доверители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос
-
Три лица се повредени во напад со нож во Германија


