Во Брисел утре по девет месеци застој, ќе продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина. Тимовите за првпат ќе ги предводат премиерот Александар Вучиќ и косовскиот премиер Иса Мустафа. Разговорите ќе бидат со посредство на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини.
Продолжувањето на дијалогот се случува во момент на влошени односи меѓу двете страни, поради одлуката на Мустафа да го смени министерот за враќање Александар Јаблановиќ, јави Танјуг.
Белград наведе дека тој едностран потег ќе го отежне дијалогот и останувањето на листата Српска во Владата ќе зависи од проценката по бриселскиот состанок.
Последната рунда од дијалогот беше одржана на 31 март минатата година по покровителство на тогашната висока претставничка на ЕУ Кетрин Ештон.
До застојот се дојде поради институционален вакуум во Приштина.
На дневен ред в понеделник ќе бидат утврдување на напредокот во спроведувањето на Биселскиот договор и размена на мислења за идните чекори во процесот на нормализација.
Се очекува една од главните теми да биде судството и формирањето на ЗСО, а Белград најави покренување на прашање за српските имоти на Косово вклучително и Трепча.
Косовската министерка за дијалог со Белград, Едита Тахири најави дека Приштина е заинтересирана за разговор за позивниот број за Косово и формирање на основен суд на север во Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба