Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери се согласија во Минхен дека политичко решение за украинскиот конфликт нема алтернатива. Американскиот државен секретар даде поддршка за неодамнешните разговори за украинската криза во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин, германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, соопшти руското МНР.
Лавров на Кери му рекол дека планот на Вашингтон да снабдува со оружје и воена опрема во Киев, ќе има несогледливи последици и е закана за уништување на напорите за постигнување политичко решение за кризата на исток во Украина.
Русија и САД веруваат дека сеопфатен дијалог за уставни реформи е предуслов за воспоставуавње мир и стабилност во Украина, се додава во соопштението од руското МНР.
Лавров нагласил дека Русија нема да оди против националните интереси и своите принципиелни позиции, но е подготвена за конструктивна интеракција со САД
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.