| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Политичкото решение за украинскиот конфликт нема алтернатива

lavrovМинистерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери се согласија во Минхен дека политичко решение за украинскиот конфликт нема алтернатива.­ Американскиот државен секретар даде поддршка за неодамнешните разговори за украинската криза во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин, германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, соопшти руското МНР.
Лавров на Кери му рекол дека планот на Вашингтон да снабдува со оружје и воена опрема во Киев, ќе има несогледливи последици и е закана за уништување на напорите за постигнување политичко решение за кризата на исток во Украина.
Русија и САД веруваат дека сеопфатен дијалог за уставни реформи е предуслов за воспоставуавње мир и стабилност во Украина, се додава во соопштението од руското МНР.
Лавров нагласил дека Русија нема да оди против националните интереси и своите принципиелни позиции, но е подготвена за конструктивна интеракција со САД

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top