| четврток, 6 декември 2018 |

Русија повика на дијалог за катарската криза

Русија денеска повика на дијалог меѓу Катар и неговите соседи во Заливот, ветувајќи помош во посредување за решавање на кризата. ­

-Ги следиме со загриженост информациите за таа ескалација- изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата во Москва со својот катарски колега Мохамед бин Абдулрахман Ал­Тани Лавров истакна дека „Русија не е задоволна со ситуацијата во која односите меѓу нашите партнери се влошуваат и ние сме за изнаоѓање решение за проблемот по пат на дијалог“.

Катар бара помош однадвор за решавање на спорот со своите соседи, кои го обвинуваат за финансирање на терористички групи и не се задоволни од неговите врски со движењето „Муслиманско братство“ и спонзорирање на телевизијата „Ал Џазира“. Шефот на руската дипломатија нагласи дека Москва е „подготвена да направи се што е во нејзина моќ“ за да се реши кризата, нагласувајќи дека е неопходно единство во борбата против тероризмот. Катар ги осуди тврдењата изнесени против него, а Ал­Тани за време на средбата ги нарече обвинувањата „нелегални“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top