| четврток, 6 декември 2018 |

Џомба ќе летне за Истанбул, Бешикташ пред потпис со Георгиевски

Турскиот шампион Бешикташ е на прагот на договор со македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, кој сигурно си заминува од Металург.

Според информациите на „Република“, популарниот Џомба речиси сигурно ќе се пресели во Истанбул и ќе игра за Бешикташ. Остануваат само ситни детали да се договорат за да се реализира трансферот и Георгиевски да го облече „црно-белиот“ дрес на турскиот клуб.

goce-georgievski

Георгиевски одигра одлично на Светското првенство во Катар што заврши на почетокот на месецов и на кој Македонија го освои деветтото место. Десното крило на македонската репрезентација постигна 24 погодоци на мундијалот, а особено блесна во клучниот дуел со Словенија во соминафиналето, кога постигна 7 гола.

Стандардно добрите игри и за Металург и за македонската репрезентација предизвикаа интерес за услугите на левото крило, а Бешикташ е најконкретен и трансферот е речиси сигурен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top