| четврток, 6 декември 2018 |

Славко Голужа поднесе оставка од селекторското место на Хрватска

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Славко Голужа поднесе оставка на функцијата по неуспехот кој го доживеа неговата репрезентација на Светското првенство во Катар освојувајќи го шестото место. Иако целта на Голужа беше Хрватска да се пласира на место кое води во квалификациите за Олимписките игри во Рио, што и ја оствари, сепак хрватската јавност изврши притисок за смена на селекторот бидејќи веруваше дека имаат репрезентација за освојување медал.

– По пет години поминати на чело на хрватската ракометна репрезентација, одлучив да поднесам неотповиклива оставка од оваа функција. Мојата одлука е плод на темелно размислување околу случувањата на СП во Катар, како и разговори со челниците на Ракометниот сојуз на Хрватска – изјави Славко Голужа.

Како најсериозен кандидат за нов селектор на хрватската ракометна репрезентација се најавува Звонимир Сердарушиќ, заедно со Петар Метличиќ. Ивано Балиќ треба да добие директорско место во Сојузот и да биде одговорен за националниот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top