
Институтот за јавно здравје соопшти дека во текот на минатата недела се пријавени 1.649 новозаболени од грип, што во однос на минатата недела претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи за 26,8 отсто.
Со ова вкупниот број заболени од грип од почетокот на сезоната 2014/2015 изнесува 6.834 лица. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекција со вирусот на грип.
Заболени лица за целата оваа сезона се пријавени во 30 од вкупно 31 извештајна единица. Само во Берово нема регистрирани заболени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


