На планините во западните делови ќе има врнежи од снег и снежната покривката ќе се зголеми, локално за над 20 сантиметри.
На пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег, но со послаб интензитет. Ќе дува повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура во земјава ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во скопското подрачје времето ќе биде претежно облачно со умерен југоисточен ветер и со услови за слабо проврнување на дожд.
Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 7 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.