| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина повредени во сообраќајка на патот Крива Паланка-Куманово

полиција

Пет лица се повредени  во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21:30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Сите повредени се надвор од животна опасност.

Несреќата се случила кога возачот И. Р.(1977), од Скопје управувајќи моторно возило од марката „волксваген“ со скопски регистарски таблички движејќи се од Крива Паланка кон Куманово, на месноста викана „Руѓинска кривина“ во атарот на село Сув Ора, изгубил контрола, слетал од патот, се превртел на покривот и запрел, соопшти кумановската полиција.
 Во возилото имало уште четворица сопатници при што сите петмина се здобиле со телесни повреди и се пренесни во кумановската болница. Возачот потоа е пренесен на една од скопските клиники.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top