| четврток, 6 декември 2018 |

Јавното обвинителство ќе врши проверка за објавените материјали од средбата Груевски­ – Заев

­ Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата меѓу претседателот на Владата Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите. ­

Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон. Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали, се вели во соопштението.

Обвинителството, како што е наведено, побарало од МВР да стапи во контакт со мрежата на која беше објавен материјалот за негово отстранување, како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top