Сопственикот на српскиот весник „Курир“, Радисaв Родиќ, соопшти денеска дека поднел кривична пријава против поранешниот претседател на Србија и на Демократската партија Борис Тадиќ и уште други 22 лица, бидејќи, како што тврди, сакале да му го одземат весникот со помош на „апсења и уцени“.
Родиќ соопшти дека кривичната пријава ја поднел до Обвинителството за организиран криминал и дека очекува дека надлежните брзо ќе реагираат, пренесува „Танјуг“.
Тој, нарекувајќи ги лицата против кои поднел пријава „организирана криминална група, злосторничко здружение, терористичка група…“ изјави дека и во изминатите три дена примил многу закани, но не сакал да се откаже.
Родиќ вели дека нему лично не му треба ништо, но дека „народот треба да знае каква власт имал“, а со цел сегашната и секоја идна власт да не биде таква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.