| четврток, 6 декември 2018 |

Тадиќ би присуствувал на натпреварот Хрватска-Србија, но се плаши дека ќе го исфрлат

37725_04

На хартија, Хрватска е подобра од Србија, но може и Србија да победи на „Максимир“ бидејќи тензиите се големи, така што секој резултат е возможен, одговори поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, на прашањето на еден храватски новинар во Брисел, што очекува од големиот натпревар меѓу Хрватска и Србија следната недела во Загреб.

Тадиќ на шега изјавил дека можеби и ќе присуствува на натпреварот.

– Се плашам дека ќе ме исфрлат од трибините бидејќи би дошол со српско знаме – изјавил Тадиќ алудирајќи на забраната на организаторите за присуство на гостински навивачи.

Предноста на Хрватска, според Тадиќ, е во тоа што низ годините градила култ на репрезентација, додека Србија после различни дисконтинуитети, конечно го гради сега.

– Хрватска е подобра во напад, а Србија во одбрана. На ранг-листите и во стабилноста на играта, Хрватска е подобра. Имавте одлични селектори. Го следам фудбалот со внимание, посебно по претседателските избори бидејќи сега имам повеќе време. Но, длабоко во себе се надевам дека резултатот на „Максимир“ ќе биде во наша корист. Ова што сега е креирано како атмосфера на потполно непредвидлив начин врши притисок на играчите, на тимовите и на селекторите, така што сите резултати се возможни – вели Тадиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top