| четврток, 6 декември 2018 |

Борис Тадиќ ќе се кандидира за генерален секретар на ОН?

Поранешниот српски претседател и лидер на Социјадемократската партија Борис Тадиќ планира да се кандидира за генерален секретар на Обединети нации, објави белградскиот весник „Вечерње новости“.

37725_04

Според неофицијални информации од дипломатски извори, Тадиќ ги користи старите врски и лобира за својата кандидатура, а неодамна побарал поддршка и од Франција.

Советничката на Тадиќ, Марина Комад изјави дека таквите информации се медиумски шпекулации. ­

– Борис Тадиќ не размислувал за кандидатура за генерален секретар на ОН. Неговата политичка активност е насочена, пред сѐ, кон внатрешната политика и опозициското дејствување – посочи Комад.

И Тадиќ изјави дека не планира да се кандидира за генерален секретар на ОН оценувајќи дека тоа се дезинформации на „режимските медиуми“, кои се обидуваат да ја ослабнат опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top