| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Заев го пуштаат низ вода

latas-sobranie-500
Кога сакаш да одиграш за крупен играч како што е странска разузнавачка служба или се обидеш да бутнеш премиер треба да бидеш малку подисциплиниран и да следиш што значи тоа, посочи уредникот на Сител телевизија Драган Павловиќ-Латас во емисијата „Акцент“ на МТВ.

Тој смета дека Заев требало сите материјали да ги достави до обвинителство, кое понатаму ќе работи на случајот.

Но сега, како што рече тој е доцна за тоа, тој требало да плати странска агенција која ќе направи експертиза на автентичноста, па како што веќе решил да уценува, би имал некои реални документи за тоа и правна заштита.

– Тој доаѓајќи од Струмица накај Скопје разбрал дека е длабоко заглавен, не би сакал да сум во кожа на Зоран Заев бидејќи околу него стојат луѓе кои ние не ги гледаме малку пошироко кои едвај чекаат да се тргне Заев, кои ќе го пуштат низ вода и веќе од понеделник ги гледаш во полиција како се нудат да дадат информации сами и тоа не само за да се спасат себе туку да го тргнат Заев од себе, бидејќи тој има документи и за нив, и за Шекеринска и за другите соработници, не може да има селективно документи, истакна Латас.

Тој додаде дека Заев им нуди слобода на граѓаните во која ги прислушува телефонските разговори со нивните соработници и семејства.

-Заев постапка не ја спроведе тоа значи дека го прецениле тие кои му ги дале материјалите кои се создадени од стручна служба, тој материјал не е најден или даден од некој службеник случајно. По обем тоа не е можно, сите да собираат во МВР ќе им треба година две да соберат толку материјал, смета Латас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top