Ова се прашањата за кои лидерот на СДСМ Зоран Заев должи одговор:
– За што разговарал со Премиерот на четирите средби одржани во периодот септември – ноември лани?
– Зошто го демантираше Фокус за тајните средби со Груевски?
– Зошто лаже дека не го познава Верушевски?
– Ако Премиерот прифатеше техничка Влада како ќе ја деактивираше бомбата кога самиот тврди дека граѓаните имаат право да ја знаат вистината?
– Ако бомбата има толкава разорна моќ како што тврди, зошто е таа воопшто предмет на пазарење?
– Што е според него дефиниција за уцена?
– Како може да бара техничка Влада по само неколку месеци од изборите на кои загуби со повеќе од 200 илјади гласови?
– Како е можен толкав изборен фалсификат кога на сите избирачки места неговата партија имаше претставници во изборните комисии?
– Зошто ДИК предводена од човек од неговата партија немаше ниту еден приговор за изборниот процес?
– Со кои разузнавачки служби одржува редовни контакти и што си имаат ветено меѓусебно?
– Зошто изборите во 2014 се помалку легитимни од локалните во 2013 кога тој стана градоначалник на Струмица?
– Зошто ги манипулира пратениците да го бојкотираат Парламентот а самиот тој ги легитимира институциите на системот?
– Дали локалните медуми во Струмица под негова контрола се попрофесионални од националните?
– Дали е подготвен да одговара и за сомнителните зделки во општина Струмица?
– Ако е толку уверен во ефектите од бомбата зошто не ја активира и не побара предвремени избори за да се соочи со гласачите?
– Самиот призна дека “и да биле изборите максимално фер и демократски неговата партија ќе загубела ама не со толкава разлика”. Како тогаш бара техничка влада само неколку месеци по изборите?
-Дали за Заев е демократија исклучувањето на Буралиева и Грчева од партијата зошто немислат како него? Дали со Ципрас полесно би свиткал кичма за името?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.