| четврток, 6 декември 2018 |

Половина Македонија под снег

Циклонот Давид синоќа продолжи со интензивни врнежи но од снег  на повеќе места ширум западна и источна Македонија.  Засега нема предизвикани штети и проблеми а снабдувањето со електрично напојување се одвива нормално. Во Скопје и околината има вренежи од дожд и снег, додека врнежи од снег има во Охридско, на Стража, Демир Хисар, Пелагонија, Делчево,  Попова Шапка, во Маврово и на Кожуф.

АМСМ синоќа информираше дека поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека и се препорачува да не се патува во текот на ноќта доколку не е итно. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top