| четврток, 6 декември 2018 |

Револтираните граѓани пред СДСМ се разотидоа, над протестот надвладеја разумот (видео)

Трите илјади револтирани граѓани од однесувањето на првиот социјалдемократ Зоран Заев беа спречени да се приближат до седиштето на СДСМ на Павел Шатев. Во таа намера ги спречи полицискиот кордон. Но, и здравиот разум кој надвладеја во овие моменти на разочараност, по обелоденувањето на фактот дека првиот човек на опозиоцијата соработувал со странски разузнувачки служби во незаконски дела со кои се здобил со тајно снимени материјали од разговори во државно политичкиот врв и јавниот живот во Република Македонија во обид да се здобие со политичка предност.
Protesti protiv zaev za PUC (5) (Custom)Во меѓувреме додека Заев порачуваше дека „ништо нема да го спречи да ги објави материјалите“, ВМРО ДПМНЕ повикуваше на разум и смиреност кај насобраните граѓани кои спонтано реагираа преку социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top