| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Со ова се прави голема штета на угледот на државата

Ова е голема штета што ѝ се прави на државата по нејзиниот углед и имиџ. Вистинска штета е што овој човек посегна по ваков подмолен начин наместо со работа, со идеи, визија и програма, изјави премиерот Никола Груевски по обелоденувањето на аферата „Пуч“ во која четири лица се осомничени дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

– Можеби многумина ќе речат дека не требаше да ја направиме оваа постапка, но има некои работи кои ниту еден совесен човек и политичар не смее и не може да ги игнорира. Таква работа е интересот на државата. Ве повикувам да се запрашате што би направиле на мое место? Во цели 24 години независност на оваа држава вакво нешто ниту еден политичар, дури ни најконтроверзните, не направиле – истакна Груевски.

Сакам да го порачам следното: закани и уцени и вакви местенки не прифаќам и не проаѓаат и на сите инволвирани јавно им порачувам дека ние не сме Македончиња, туку сме Македонци. Ова е голема штета што ѝ се прави на државата по нејзиниот углед и имиџ, додаде Груевски.

Според него, вистинска штета е што Заев посегна по ваков подмолен начин наместо со работа, со идеи, визија и програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top