| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев со гордост зборуваше дека соработува со странска разузнавачка служба

gruevski-zaev

-Го слушав шефот на македонската опозиција со каква гордост самоувереност и возвишеност ме информира дека странска разузнавачка служба го снабдила со нелегално и противзаконски, противуставно стекнат материјал, делумно монтиран, со цел да оствари некоја своја цел – изјави премиерот Никола Груевски по обелоденувањето на аферата „Пуч“ во која четири лица се осомничени дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Не можев да верувам дека човекот кој сака да ја води државата не крие дека соработувал со странски разузнавачки служби. Рече дека со нив имал серија средби и пак побара техничка влада. За сето ова што го говорам постојат цврсти и непобитни докази – додаде Груевски.

Инаку Заев е четвртоосмничен во случајот „Пуч“. Првоосомничен е Зоран Верушевски, потоа неговата сопруга и вработен во Општина Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top