| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од пет илјади лица се заболени од грип

grip

Изминатата недела до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле пријавени нови .1300 заболени од грип, така што вкупната бројка на заболени оваа сезона стигна до 5.185 лица. Во споредба со истиот период минатата година постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 4,5 отсто, а во однос на просекот за 10-годишниот период се регистрира зголемување за 7,4 проценти.

Засега грип нема само во Берово од каде не  е пријавен ниту еден случај.

Најмногу грипосани има во Тетово – 1.454.

Последната недела  до вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнале 4 материјали за тестирање на грип, од кои 2 позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца А/H3N2.

Од почетокот на сезоната 2014/2015, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ анализирани се вкупно 66 примероци  од кои 13 или 19,7% биле позитивни на вирусот на инфлуенца.

Во некои од центрите за јавно здравје се уште има околу 300 вакцини против сезонски грип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top