Меѓународниот аеродром во словачката престолнина Братислава е затворен денеска поради снежна бура, соопштија претставници. Портпаролката на аеродромот „М.Р. Штефаник“, Веронила Шевчикова рече дека сите полетувања се откажани, додека слетувањата се пренасочени на аеродромите во Австрија и Унгарија.
Таа додаде дека еден лет е пренасочен во Линц во Австрија, а уште три во Будимпешта, како и оти засега не може да се процени кога аеродромот ќе биде повторно отворен. Снегот предизвика прекин во сообраќајот и затворање на патиштата ширум земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


