| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Приказна“ од Наде Поп-Гаврилова во МКЦ

unnamed
В понеделник, на втори февруари, 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи промоција на книгата „Приказна“, поезија од Наде Поп – Гаврилова во издание на НОВА.
За книгата ќе говори литературниот критичар Санде Стојчевски .
Стихови ќе интерпретираат  поетите Марина Мијаковска и Васко Маглешев.
Промоцијата ќе биде збогатена со учество Женскиот младински хор на МКЦ , раководен од маестро Сашо Татарчевски.
Наде Поп – Гаврилова е родена 1983 година во Скопје. Дипломира на Филолошки факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за романски јазици, италијански и шпански јазик. „Приказна “ е нејзина прва поетска книга. Се јавува и како преведувач од италијански и шпански на расказите: „Апсолутен слух “ од  Даниела  Дел  Дудиче, „Мантилот “од  Дино Буцати, „Прирачник за заведување на принцези“ од Хозе Мануел Чема Паз Гаго – препев од шпански во соработка со Фросина Стојковска и Уника и  романот „Огнот на животот “од Е.Ј. Албис од италијански јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top