| четврток, 6 декември 2018 |

Дипломатска преписка по вандализмот врз Грчките воени гробишта

305026_spomenici-beta_f

Оштетувањето на надгробните плочи и гробови на Грчките воени гробишта од Првата светска војна во Валандово предизвика дипломатска преписка на релација Скопје – Атина. Македонското МНР во својaта денешна реакција, на протестната нота од грчкото МНР, остро го осуди инцидентот и со жалење констатира дека непознати сторители ги оштетиле гробовите на грчки војници од Првата светска војна. Притоа се информира дека веднаш се преземени сите неопходни мерки, со максимален ангажман од надлежните органи во државава, за расветлување на случајот.

Инаку доцна синоќа официјална Атина, преку телефонско јавување од грчката Канцеларија за врски во Макеодонија по диретни налог на  шефот дипломатијата Димитрис Аврамопулос, побара итна истрага за случајот. Притоа било посочено дека ништо не може повеќе да ги обремени односите меѓу двете земји од вакви настани, кои не им служат на добрососдските односи. Во демаршот од грчкото МНР се наведува дека „за жал, ваквите настани ја потврдуваат опасноста и последиците од национализмот и популизмот кој се негува во ПЈРМ до степен на длабоко навредување на мртвите и непочитување на историјата“.

Како одговор на ова во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи се потенцира дека „добрососедските односи  не можат, ниту пак ќе бидат заложници на  изолирани  акти на насилно однесување извршени од поединци“.

Денеска грчките воени гробишта во Валандово ги посетил и претставник на Канцелариијата за врски и грчкото воено аташе во земјава. Од македонската страна се бара да се пронајдат и казнат сторителите на вандалскиот чин и да се санира материјалната штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top