
По добиеното сознание за смртта на 12-годишна пациентка на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Министерството за здравство итно побара детална информација од Клиниката, од каде сме информирани дека пациентката била примена окулу 23 часот претходната вечер, во исклучително тешка здравствена состојба, со сложена гастро-интестинална симптоматологија, но и покрај укажаните дијагностичкo-терапевтски процедури, настапила смрт околу 2 часот утрината.
Министерството за здравство веќе формираше Комисија за испитување и откривање на причината за смртта на младата пациентка.
Комисијата ја сочинуваат доктори од Клиниката за детски болести, КАРИЛ и Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.
Истата ќе изврши надзор на работата на матичниот лекар и матичниот педијатар кои ја воделе пациентката во претходните два дена, со цел да се испита начинот на дотогашниот третман и лекување, додека членот на Комисијата од КАРИЛ ќе го провери процесот на водење на пациентката за време на интензивното лекување на Клиниката за инфективни болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


