| четврток, 6 декември 2018 |

Радикализмот доби нова дефинициjа

Во по­ли­тич­ки кон­текст ра­ди­ка­лиз­мот се об­јас­ну­ва ка­ко по­ли­тич­ки прин­цип што има цел да соз­да­де ал­тер­на­ти­ва на по­стој­ни­те по­ли­тич­ки стру­кту­ри, а спо­ред не­кои авто­ри и од ко­рен да го про­ме­ни си­сте­мот на вред­но­сти во одре­де­ни др­жав­ни или дру­ги ин­сти­ту­ции. На­чи­нот на до­а­ѓа­ње до цел­та што го спом­ну­ва на­у­ка­та е при­лич­но спо­рен ко­га се ра­бо­ти за СИ­РИ­ЗА

kolumna125-1

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Со сво­ја­та ана­ли­за на со­стој­би­те во Гр­ци­ја, на гло­бал­ни­те фи­нан­си­ски трен­до­ви и на европ­ска­та мо­не­тар­на по­ли­ти­ка вли­ја­тел­ни­от вес­ник „Вол­стрит жур­нал“ да­де со­се­ма но­ва де­фи­ни­ци­ја за ра­ди­ка­лиз­мот. Ме­ди­у­мот, кој со де­це­нии вли­јае врз бер­зан­ски­те дви­же­ња во нај­моќ­на­та зем­ја на све­тот, ги пре­тво­ри ли­де­рот на СИ­РИ­ЗА и не­го­во­то ле­ви­чар­ско дви­же­ње во ра­ди­ка­ли. Прет­ход­но ме­ѓу ра­ди­ка­ли­те гру­пи се спом­ну­ваа Ра­тко Мла­диќ, гру­па­та Ба­дер-Мајн­хоф, ита­ли­јан­ски­те Цр­ве­ни бри­га­ди, Кар­лос Ша­ка­лот и дру­ги акте­ри од чиј­што ра­ди­ка­ли­зам ги­неа сто­ти­ци не­ви­ни лу­ѓе. Иа­ко СИ­РИ­ЗА се сме­та за ра­ди­кал­на ле­ви­ца и упо­тре­ба­та на збо­рот ра­ди­ка­ли е ло­ги­чен, ко­га тој се упо­тре­бу­ва од стра­на на до­бро­ин­фор­ми­ран и мо­ќен ме­ди­ум без кон­текст, мо­же да ис­пра­ќа и дру­га по­ра­ка.

Тер­ми­нот ра­ди­ка­ли­зам има ла­тин­ско по­тек­ло, до­а­ѓа од збо­рот „radix“ што зна­чи ко­рен. Во по­ли­тич­ки кон­текст ра­ди­ка­лиз­мот се об­јас­ну­ва ка­ко по­ли­тич­ки прин­цип што има цел да соз­да­де ал­тер­на­ти­ва на по­стој­ни­те по­ли­тич­ки стру­кту­ри, а спо­ред не­кои авто­ри и од ко­рен да го про­ме­ни си­сте­мот на вред­но­сти во одре­де­ни др­жав­ни или дру­ги ин­сти­ту­ции. На­чи­нот на до­а­ѓа­ње до цел­та што го спом­ну­ва на­у­ка­та е при­лич­но спо­рен ко­га се ра­бо­ти за СИ­РИ­ЗА. По­ли­тич­ка­та на­у­ка прет­по­ла­га де­ка до но­ви­те по­ли­тич­ки прин­ци­пи мо­же да се дој­де пре­ку ре­во­лу­ци­о­нер­ни средс­тва, кои ја пра­ви за­да­ча­та за ли­де­рот Ци­прас ре­чи­си не­воз­мож­на. Мла­ди­от обе­ди­ни­тел на по­ли­тич­ки­те фрак­ции што ја со­чи­ну­ва­ат СИ­РИ­ЗА и што има­ат раз­лич­ни пог­ле­ди на све­тот и на еко­но­ми­ја­та не­ма го­лем про­стор за ма­не­вар. До­кол­ку не се оби­де да ги иско­ри­сти ме­то­ди­те на Ста­лин и да на­ци­о­на­ли­зи­ра де­ло­ви од на­ци­о­нал­на­та еко­но­ми­ја или це­ла­та на­ци­о­нал­на еко­но­ми­ја, Ци­прас не мо­же да би­де ре­во­лу­ци­о­нер во по­зи­тив­на смис­ла. Неп­ла­ќа­ње­то на дол­го­ви­те и бег­ство­то од до­го­во­рот со ЕУ си­гур­но во Бри­сел не­ма да би­дат до­че­ка­ни ка­ко по­зи­тив­на про­ме­на.

kolumna125-2

Исто­ри­ски, ра­ди­ка­лиз­мот со кој нај­че­сто се име­ну­ва ек­стрем­на­та ле­ви­ца по­ве­ќе се ка­ра­кте­ри­зи­ра со на­чи­нот на кој се ап­ли­ци­ра­ат прин­ци­пи­те откол­ку со важ­но­ста што им се да­ва на са­ми­те прин­ци­пи. Тоа во пра­кти­ка би мо­же­ло да зна­чи де­ка Ци­прас ќе оста­не на ра­ди­кал­на­та пла­тфор­ма што ја по­вто­ру­ва со го­ди­ни, а во су­шти­на да ги сле­ди на­ло­зи­те од Бри­сел, што мо­же да би­де ри­зич­но за реј­тин­гот на не­го­ва­та пар­ти­ја, што, пак, е осо­бе­но важ­но ако по­стои мож­ност од но­ви пред­вре­ме­ни из­бо­ри за кра­ток пер­и­од.

За ек­стрем­на­та дес­ни­ца се ко­ри­сти тер­ми­нот „ре­ак­ци­о­нер­на“ и таа спо­ред до­се­гаш­на­та пра­кти­ка се­ко­гаш е по­ста­ве­на про­тив ле­ви­чар­ски­те ра­ди­ка­ли, но не и во слу­ча­јот со СИ­РИ­ЗА. Та­ка, на при­мер, ше­фот на фран­цу­ска­та ра­ди­кал­на дес­ни­ца, ли­дер­ка­та на На­ци­о­нал­ни­от фронт, Ма­рин Ле Пен, на сво­јот блог во де­кем­ври на­пи­ша де­ка пре­ку Гр­ци­ја „ду­ва то­пол ве­тар на де­мо­кра­ти­ја“ мис­леј­ќи на сè по­из­вес­на­та по­бе­да на СИ­РИ­ЗА на не­дел­ни­те из­бо­ри пред кои водс­тво­то, спо­ред дел од ан­ке­ти­те, се иска­чи­ло на 5 про­цен­ти пред Неа де­мо­кра­ти­ја. Под­др­шка­та од фран­цу­ски­те крај­ни дес­ни­ча­ри, од кои фран­цу­ски­те пар­тии бе­га­ат ка­ко од ле­пра, не мо­же да му по­мог­не на Ци­прас, ту­ку са­мо ,мо­же да го ста­ви во друш­тво на гру­па­та „европ­ски ра­ди­ка­ли“. Со тоа тој ри­зи­ку­ва да се ан­га­жи­ра­ат про­тив не­го нај­сил­ни­те пар­тии во ЕУ, но и ин­сти­ту­ци­и­те на Уни­ја­та, ко­ја мо­же да би­де за­гро­зе­на од ре­во­лу­ци­о­нер­ни­те прин­ци­пи и од на­чи­нот на кој тие би би­ле упо­тре­бе­ни во Гр­ци­ја за да се дој­де до про­ме­ни. Ток­му по­ра­ди тоа, во ши­ро­ки­от ди­ја­па­зон на мер­ки од стра­на на европ­ски­те ли­де­ри тре­ба да се оче­ку­ва од јав­на под­др­шка за Са­ма­рас, па сè до тај­ни опе­ра­ции кои би би­ле на­со­че­ни про­тив сли­ка­та за ли­де­рот на СИ­РИ­ЗА.

kolumna125-3

Ко­му му од­го­ва­ра па­дот на евро­то?

И до­де­ка све­тот се за­ни­ма­ва со тоа да­ли Гр­ци­ја в не­де­ла ќе до­бие вла­да што ќе го слу­ша Бри­сел, дел од на­уч­ни­от свет, но и све­тот на шпе­ку­лан­ти­те, из­ле­гу­ва со те­о­рии кои, ако не да­ва­ат од­го­во­ри, ба­рем по­ста­ву­ва­ат до­бри пра­ша­ња. Ед­но од нив е по­вр­за­но со па­дот на вред­но­ста на единс­тве­на­та европ­ска ва­лу­та, пред сè, во од­нос на до­ла­рот, фран­кот и је­нот. Спо­ред мно­гу­ми­на, на кра­ток и на сре­ден рок за нај­го­ле­ми­те европ­ски из­воз­ни­ци па­дот на евро­то од 15 про­цен­ти во 2014 го­ди­на ќе ја по­мог­не европ­ска­та еко­но­ми­ја за­тоа што таа со на­ма­ле­ни це­ли ќе мо­же по­лес­но да им кон­ку­ри­ра на аме­ри­кан­ски­те, ја­пон­ски­те и на ки­не­ски­те про­из­во­ди. Тоа го знае и Ци­прас и из­вес­но е де­ка во пре­го­во­ри­те за ид­ни­те аранж­ма­ни тој ќе се оби­де фа­ктот што Гр­ци­ја пра­ктич­но ја на­ма­ли вред­но­ста на евро­то да го пре­тво­ри во стра­те­ги­ска пред­ност.

 

(Текст објавен во 125. број на неделникот Република, 23.01.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top