Немаме добиено никаков допис од ПИОМ за неисплата на хонорарите за јануари, кои се повисоки од 9.590 денари – тврди директорката на Македонската авторска агенција, м-р Нина Даскалова-Старделова. Таа вели дека веста која се појави во јавноста донела многу забуни, како кај хонрарците, така и кај фирмите и кај агенциите кои работат со авторски хонорари.
Директорката додава дека промените предвидени со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување не се новина во регионот. Тоа се спроведува во Србија и во Словенија, каде што персоналниот данок е многу повисок. Според неа, во Србија од тоа не се изоставени ниту пензионерите. Кај нив, пак, вработените не плаќаат дополнително здравствено осигурување. Доколку си вработен и ти се плаќа здравствено осигурување, а имаш дополнителни приходи – хонорар, не се плаќа дополнително здравствео осигурување.
М-р Нина Даскалова-Старделова нагласува дека постојат одредени бенифиции за авторските хонорари – за новинари, уметници…
Повеќе во видеоразговорот со директорката на Македонска авторска агенција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



