| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска авторска агенција: Нема никаков допис од ПИОМ за неисплата на хонорари во јануари

nina

Немаме добиено никаков допис од ПИОМ за неисплата на хонорарите за јануари, кои се повисоки од 9.590 денари – тврди директорката на Македонската авторска агенција, м-р Нина Даскалова-Старделова. Таа вели дека веста која се појави во јавноста донела многу забуни, како кај хонрарците, така и кај фирмите и кај агенциите кои работат со авторски хонорари.

Директорката додава дека промените предвидени со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување не се новина во регионот. Тоа се спроведува во Србија и во Словенија, каде што персоналниот данок е многу повисок. Според неа, во Србија од тоа не се изоставени ниту пензионерите. Кај нив, пак, вработените не плаќаат дополнително здравствено осигурување. Доколку си вработен и ти се плаќа здравствено осигурување, а имаш дополнителни приходи – хонорар, не се плаќа дополнително здравствео осигурување.

М-р Нина Даскалова-Старделова нагласува дека постојат одредени бенифиции за авторските хонорари – за новинари, уметници…

Повеќе во видеоразговорот со директорката на Македонска авторска агенција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top