| четврток, 6 декември 2018 |

Нова снимка од ИД: Пуштете ја жената или ќе го убиеме јорданскиот заложник

tocka-149266
Групата „Исламска држава“ објави нова видеоснимка, на која се заканува дека ќе го убие јорданскиот пилот доколку ирачката терористка не биде ослободена од затвор денеска до зајдисонце, пренесува ТАСС.

На новата снимка, објавена на интернет синоќа, повторно се појави гласот на јапонскиот заложник Кенџи Гото, кој ги изнесе барањата на џихадистите:
– Јас сум Кенџи Гото. Ова е усна порака која ми кажаа да ви ја пренесам. Доколку Саџида ал Ришави не се најде на турската граница за да биде заменета за мојот живот, до четврток на зајдисонце, јорданскиот пилот Муас ал Касасбех итно ќе биде убиен.

Јапонската влада ја анализира новата снимка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top