Тепачка била причина за вечерашното пукање пред скопскиот трговски центар „Капитол“ во населбата Аеродром, пренесе „Пресс24“.
Според изјави на очевидци, тепачката почнала зад трговскиот центар, кога група повозрасни луѓе со палка за бејзбол нападнале помладо момче. Момчето, иако повредено, успеало да ги викне своите другари, кои веднаш дошле пред трговскиот центар. Возвратиле на нападот, по што едно од лицата, кое, според неофицијални информации возело автомобил марка „мерцедес“, извадило пиштол и почнало да пука. Се вели дека меѓу двете групи, од кои едната не била од скопската населба Аеродром, подолг период имало нетрпеливост и серија инциденти на повеќе места во Скопје.
Полицијата изврши увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.