Европскиот ден на заштита на личните податоци – 28 јануари,учениците од средното училиште „Јоспи Броз Тито“ утре ќе го одбележат со конференција за медиуми за проектот „Час по приватност“ и презентација на резултатите од анализи од прашалници наменети за родители и ученици.
Прашањата на кои ќе се дадат одговори се однесуваат на тоа: колку од учениците сметаат дека треба да добиваат знаење за теми поврзани со злоупотреба на нивни фотографии и материјал со недолична содржина на социјални мрежи; колкав број од учениците добиваат провокативни фотографии на некоја социјална мрежа, а колку од нив испраќаат; колку имаат креирано лажни профили на социјални мрежи, кои не се ниту пријавени во Дирекцијата?; колкав е процентот на родители кои се информирани и загрижени, каде треба да се бара одговорот…?; што велат родителите, а што учениците? итн., додека одговори е предвидено да датат: Васка Бајрамовска –Мустафа, заменик Народен правобранител на РМ, Димитар Ѓеорѓиевски – директор на Дирекција за заштита на личните податоци и Татијана Стојанова Дуева – директор на СУГС „Јосип Б. Тито“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


