Жиро-сметката на средното општинско училиште „Гостивар“ е блокирана од страна на фирма која вршела градежни работи при изградбата на спортската сала.
Долгот, поради кој е блокирана сметката со каматите е 8.559.452,00 денари.
Од општина Гостивар, од каде информираа за случајот, се сомневаат дека тој има политичка заднина затоа што фирмата е позната како една од најблиските со поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.
– Ирфан Јашари од „Картел“, имаше можност долгот да го наплати во мандатите 2005-2009 и 2013-2017, кога на чело на општината беше Бејта како нарачател на работите. Но, тој долгот го бара после 10 и повеќе години, со единствена цел да ја блокира работата на општинската структура, се наведува во реакцијата од општина Гостивар.
Оттаму посочуваат дека со блокирањето на сметката се попречува функционирањето на училиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.