Нереално е да се очекува од Грција да ги отплати сите долгови, изјави Еуклид Цакалос, главниот портпарол за економија на грчката левичарска партија СИРИЗА, која во неделата победи на предвремените парламентарни избори во Грција.
– Никој не верува дека грчкиот долг е одржлив – изјави тој за „Би-Би-Си“.
– Сѐ уште не сум сретнал економист, кој навистина верува дека Грција целосно ќе ги исплати своите долгови. Тоа е невозможно – рече Цакалос.
Тој додаде дека лидерите на Европската унија би требало да покажат дека се подготвени да соработуваат со СИРИЗА, партија која остро се противи на натамошната примена на острите мерки за штедење во Грција.
– Европа ќе стане мошне чудна и опасна, со мошне силни центрифугални политички сили доколку покаже дека не е подготвена да разговара со новата влада, избрана на демократски одржани избори – истакна портпаролот на СИРИЗА.
Тоа ќе биде конечен сигнал дека станува збор за Европа, која не може да прифати ниту демократски ниту општествени промени – рече Цакалос, додавајќи дека сепак негов најголем кошмар би бил доколку еврозоната се распадне поради банкротот на Грција.
– Доколку Грција банкротира и излезе од еврозоната, тогаш еврозоната ќе се распадне. Ние од почетокот зборуваме дека еврозоната е во опасност и дека еврото е во опасност, но не во опасност од СИРИЗА, туку од политиката на штедење – предупреди Цакалос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Надворешниот долг за шест месеци пораснал за речиси милијарда евра
-
Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија
-
Како ве лажат: За комуњарските медиуми, бугарските зборови со кои ни се обраќа грчкиот пратеник, станаа македонски јазик (видео)