| четврток, 6 декември 2018 |

Искра Јаконова – Стојановска: Со хомеопатија пациентот се доведува во континуирано избалансирана состојба

Со За­ко­нот за комп­ле­мен­тар­на и ал­тер­на­тив­на ме­ди­ци­на и Ма­ке­до­ни­ја вле­зе во свет­ски­те рам­ки на хо­ме­о­па­ти­ја­та. Со За­ко­нот, по­крај дру­го­то, се утвр­ду­ва­ат ви­дот и сте­пе­нот на струч­на­та под­го­то­вка, од­нос­но се утвр­ду­ва­ат обра­зов­ни­те ква­ли­фи­ка­ции, кои ли­це­то што са­ка да пра­кти­ку­вахо­ме­о­па­ти­ја тре­ба да ги има, сме­та Искра Ја­ко­но­ва - Сто­ја­нов­ска, хо­ме­о­па­тка и фар­ма­цев­тка. Таа има по­ве­ќе­го­диш­но искус­тво во кла­сич­на­та ме­ди­ци­на ка­ко фар­ма­цев­тка, ка­ко и искус­тво во хо­ме­о­пат­ска­та об­ласт

Iskra Jakonova Homeopat 1 (Custom)

Искра Јаконова-Стојановска

Пра­те­ни­ци­те во Со­бра­ни­е­то не­о­дам­на на пр­во чи­та­ње го изг­ла­саа За­ко­нот за ал­тер­на­тив­на и комп­ле­мен­тар­на ме­ди­ци­на со кој се пла­ни­ра да се ста­ви ред во оваа об­ласт. Со овој За­кон се утвр­ду­ва сте­пе­нот на фор­мал­но обра­зо­ва­ние што тре­ба да го има­ат ли­ца­та што са­ка­ат да се за­ни­ма­ва­ат со не­ко­ја од дис­цип­ли­ни­те на ал­тер­на­тив­на и на комп­ле­мен­тар­на ме­ди­ци­на (КАМ), ка­ко и со­од­вет­ни до­ква­ли­фи­ка­ции и обра­зо­ва­ние во об­ла­ста што са­ка­ат да ја пра­кти­ку­ва­ат. Фон­дот не­ма да ги по­кри­ва те­ра­пи­и­те и ле­ко­ви­те на ме­то­ди­те на КАМ, а др­жа­ва­та ќе га­ран­ти­ра за нив­на­та без­бед­ност. Овој за­кон оп­фа­ќа ме­то­ди и по­стап­ки на ди­јаг­но­сти­ка, ле­ку­ва­ње и на ре­ха­би­ли­та­ци­ја во ме­то­ди­те ка­ко што се: тра­ди­ци­о­нал­на ки­не­ска ме­ди­ци­на, хо­ме­о­па­ти­ја, тра­ди­ци­о­нал­на ин­ди­ска ме­ди­ци­на – ајур­ве­да, фи­то­те­ра­пи­ја, квант­на ме­ди­ци­на и срод­ни тех­ни­ки, ки­ро­пра­кти­ка и при­ме­на­та ки­не­зи­о­ло­ги­ја,апи­те­ра­пи­ја, аро­ма­те­ра­пи­ја, ду­хов­на енер­гет­ска ме­ди­ци­на, енер­гет­ска те­ра­пи­ја – ре­и­ки, де­тек­ци­ја на штет­ни зра­че­ња, јо­га, се­ме­ен рас­по­ред (фенг шуи) и дру­го.

Со овој За­кон се ста­ва ред и во хо­ме­о­па­ти­ја­та. Хо­ме­о­па­ти­ја­та е фор­ма на ал­тер­на­тив­на ме­ди­ци­на, чи­е­што ле­ку­ва­ње се те­ме­ли на два ос­нов­ни прин­ци­па: прин­цип на слич­ност (слич­но се ле­ку­ва со слич­но) и прин­цип на ми­ни­мал­на до­за. Со овој прин­цип се вос­по­ста­ву­ва мож­но­ста за по­диг­ну­ва­ње на иму­ни­те­тот на чо­ве­кот и тој на при­ро­ден на­чин да се из­бо­ри за сво­е­то здрав­је.

 

Ка­ко би го ко­мен­ти­ра­ле но­ви­от За­кон за комп­ле­мен­тар­на и за ал­тер­на­тив­на ме­ди­ци­на, кој е ве­ќе во со­бра­ни­ска про­це­ду­ра?

ЈАКОНОВА СТОЈАНОВСКА: За­ко­нот е во за­врш­на про­це­ду­ра и тре­ба да из­ле­зе во „Служ­бен вес­ник на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“. Со овој За­кон и Ма­ке­до­ни­ја вле­зе во свет­ски­те рам­ки на хо­ме­о­па­ти­ја­та. Со За­ко­нот,по­крај дру­го­то, се утвр­ду­ва ви­дот и сте­пе­нот на струч­на­та под­го­то­вка, ка­ко и  обра­зов­ни­те до­ква­ли­фи­ка­ции што тре­ба да ги има ли­це­то што са­ка да пра­кти­ку­ва хо­ме­о­па­ти­ја. Исто та­ка, со За­ко­нот ќе се оси­гу­рат ме­ха­низ­ми­те што ќе му овоз­мо­жат на па­ци­ен­тот га­ран­ци­ја за ма­кси­мум без­бе­ден трет­ман и, тоа што е мно­гу важ­но за па­ци­ен­тот, зго­ле­ме­на мож­ност  да го ос­тва­ри пра­во­то за из­бор на трет­ман со кој ќе се ле­ку­ва, врз ос­но­ва на точ­ни и це­лос­ни ин­фор­ма­ции. Пред­лог-ре­ше­ни­ја­та се те­ме­лат на спо­ред­бе­ни ана­ли­зи за прав­ни­от ста­тус и за на­чи­нот на ре­гу­ли­ра­ње на КАМ во Евро­па и во дру­ги др­жа­ви над­вор од Евро­па.

 

Да им об­јас­ни­ме на чи­та­те­ли­те што е хо­ме­о­па­ти­ја, ко­ја е приз­на­та од Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја ка­ко комп­ле­мен­та­рен ме­ди­цин­ски ме­тод?

ЈАКОНОВА СТОЈАНОВСКА: Хо­ме­о­па­ти­ја­та прет­ста­ву­ва комп­ле­ксен и си­сте­ма­ти­чен ме­ди­цин­ски ме­тод на ле­ку­ва­ње. Хо­ме­о­па­ти­ја­та е комп­ле­мен­тар­на на школ­ска­та ме­ди­ци­на. Што зна­чи комп­ле­мен­тар­на? Тоа зна­чи де­ка те­о­ри­ја­та и прин­ци­пи­те на хо­ме­о­па­ти­ја­та се иско­ри­сту­ва­ат и до­пол­ну­ва­ат со ме­ха­низ­ми­те што се поз­на­ти во ме­ди­ци­на­та зас­но­ва­на на до­ка­зи, од­нос­но да се ис­пол­зу­ва­ат две­те на­у­ки и да се на­до­пол­нат ед­на со дру­га. Ед­на­та на­у­ка да не ја иск­лу­чу­ва дру­га­та, ту­ку да се иско­ри­стат мож­но­сти­те на два­та ме­ди­цин­ски ме­то­да за на крај да има­ме ма­кси­ма­лен по­зи­ти­вен ефект за па­ци­ен­тот.

 

Кол­ку Ма­ке­дон­ци­те зна­ат и поч­ну­ва­ат да се ин­те­ре­си­ра­ат за хо­ме­о­па­ти­ја?

ЈАКОНОВА СТОЈАНОВСКА: За жал, мал дел од по­пу­ла­ци­ја­та знае за хо­ме­о­па­ти­ја­та, но сè по­ве­ќе се зго­ле­му­ва бро­јот на за­ин­те­ре­си­ра­ни па­ци­ен­ти, ова осо­бе­но се од­не­су­ва на мла­да­та по­пу­ла­ци­ја. Во Евро­па, хо­ме­о­па­ти­ја­та е мно­гу по­пу­лар­на, ка­ко во Гер­ма­ни­ја, зем­ја­та во ко­ја на­ста­на­ла хо­ме­о­па­ти­ја­та, по­тоа во Анг­ли­ја, Фран­ци­ја, а се пра­кти­ку­ва и во САД, Ин­ди­ја и дру­ги. Та­му се ко­ри­стат хо­ме­о­пат­ски­те ле­ко­ви што се на штан­до­ви­те во ап­те­ки­те. Кај нас мал­ку­ми­на се за­поз­на­е­ни де­ка и во ма­ке­дон­ски­те ап­те­ки има хо­ме­о­пат­ски ле­ко­ви. За­тоа се по­треб­ни ин­фор­ма­тив­ни еми­сии, пре­зен­та­ции, тек­сто­ви пре­ку кои ќе се ин­фор­ми­ра ма­ке­дон­ска­та по­пу­ла­ци­ја, но и струч­на­та јав­ност. Та­ка па­ци­ен­ти­те ќе зна­ат што се хо­ме­о­пат­ски ле­ко­ви, ќе зна­ат де­ка во Ма­ке­до­ни­ја има фа­бри­ка што изра­бо­ту­ва хо­ме­о­пат­ски ле­ко­ви што се ре­ги­стри­ра­ни во Аген­ци­ја­та за ле­ко­ви на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја га­ран­ти­ра за нив­на­та без­бед­ност.

 

Кои бо­ле­сти нај­че­сто се ле­ку­ва­ат со хо­ме­о­пат­ски ле­ко­ви?

ЈАКОНОВА СТОЈАНОВСКА: Со хо­ме­о­па­ти­ја се ле­ку­ва­ат и акут­ни и хро­нич­ни бо­ле­сти. Тоа што е ко­рис­но и што тре­ба да го зна­ат па­ци­ен­ти­те е де­ка ле­ко­ви­те се до­стап­ни во ап­те­ки­те и го­лем дел од нив се на­ме­не­ти за са­мо­ле­ку­ва­ње на лес­ни акут­ни про­ме­ни ка­ко што се на­стин­ки и симп­то­ми при на­стин­ки ка­ко каш­ли­ца, ки­ва­ње, за лес­ни ди­ге­стив­ни проб­ле­ми, тра­у­мат­ски по­вре­ди, мен­стру­ал­ни проб­ле­ми, со­стој­би кај до­ен­чи­ња ка­ко што е рас­те­ње за­би, олес­ну­ва­ње со­стој­би пред и по опе­ра­ти­вен за­фат, ден­та­лен трет­ман и др. Па­ци­ен­тот со пре­поз­на­ва­ње на симп­то­мот мо­же вед­наш да го зе­ме хо­ме­о­пат­ски­от лек и да не доз­во­ли на­та­мо­шен раз­вој на бо­ле­ста. Па­ци­ен­ти­те пра­шу­ва­ат да­ли по­сто­јат хо­ме­о­пат­ски ле­ко­ви за по­диг­ну­ва­ње на иму­ни­те­тот. Во хо­ме­о­па­ти­ја­та ле­кот се зе­ма ко­га ќе се по­ја­ви симп­то­мот, а са­ми­те ле­ко­ви, пол­зу­вај­ќи ги  ос­нов­ни­те прин­ци­пи на хо­ме­о­па­ти­ја­та овоз­мо­жу­ва­ат по­диг­ну­ва­ње на иму­ни­те­тот на при­ро­ден на­чин.

Хро­нич­ни­те про­ме­ни се пред­мет на хо­ме­о­пат­ско ин­терв­ју, кое го во­ди хо­ме­о­па­тот. Мно­гу е важ­но да се раз­бе­ре кои се хро­нич­ни бо­ле­сти. Хро­нич­ни­те бо­ле­сти се раз­ви­ва­ат по­сте­пе­но, че­сто не­за­бе­ле­жи­тел­но и кон­ти­ну­и­ра­но го раз­о­ру­ва­ат ор­га­низ­мот. Би­деј­ќи долг пер­и­од трае бо­ле­ста, на крај има­ме це­лос­но из­мо­рен ор­га­ни­зам, кој те­шко се ле­ку­ва. За­тоа чо­ве­кот тре­ба да „го слу­ша ор­га­низ­мот“, да ги за­бе­ле­жу­ва си­те про­ме­ни што на­ста­ну­ва­ат и ко­га се чув­ству­ва де­ка не е во до­бра кон­ди­ци­ја да по­ба­ра по­мош од струч­но ли­це.  Во хо­ме­о­па­ти­ја­та се зе­ма де­ка не мо­ра да се истра­жу­ва симп­том што ќе се по­твр­ди со ла­бо­ра­то­ри­ски ана­ли­зи, ту­ку со ед­но прод­ла­бо­че­но ин­терв­ју да се дој­де до со­стој­ба­та ко­га чо­ве­кот се изра­зу­ва де­ка не се чув­ству­ва до­бро и да се нај­де фа­кто­рот што при­до­нел до про­ме­на на не­го­ва­та здрав­стве­на со­стој­ба. Мно­гу че­сто се ра­бо­ти за пси­хо­ге­ни фа­кто­ри што до­ве­ду­ва­ат до на­ру­шу­ва­ње на здрав­стве­на­та со­стој­ба на чо­ве­кот.

 

Ка­кво е Ва­ше­то искус­тво со па­ци­ен­ти­те?

ЈАКОНОВА СТОЈАНОВСКА: Ка­ко фар­ма­цев­тка со долг ра­бо­тен стаж во кла­сич­на­та ме­ди­ци­на и искус­тво во по­ле­то на хо­ме­о­па­ти­ја­та, мо­жам да ка­жам де­камно­гу че­сто се слу­чу­ва лу­ѓе­то на по­че­то­кот да се сом­ни­ча­ви. Но, ко­га па­ци­ен­тот ќе се уве­ри де­ка хо­ме­о­пат­ски­от лек има ефект и тоа за мно­гу кра­тко вре­ме и де­ка не­ма ни­ка­кви не­са­ка­ни, спо­ред­ни  ефе­кти, ко­га по­втор­но ќе се ја­ви симп­том на кој ќе се по­жа­ли, тој пр­во по­мис­лу­ва на хо­ме­о­пат­ски лек. Исто та­ка, са­ми­от па­ци­ент ќе за­бе­ле­жи де­ка ин­ци­ден­ци­ја­та на на­та­мош­на по­ја­ва на симп­то­ми­те се на­ма­лу­ва, што се дол­жи на тоа по­диг­ну­ва­ње на иму­ни­те­тот на при­ро­ден на­чин. Ова го го­во­рам од сопс­тве­но искус­тво. 

 

Да­ли ле­ку­ва­ње­то со хо­ме­о­пат­ски­те ле­ко­ви ба­ра и по­и­на­ков на­чин на жи­вот и по­и­на­ква ис­хра­на?

ЈАКОНОВА СТОЈАНОВСКА: Хо­ме­о­пат­ски­те ле­ко­ви дејс­тву­ва­ат на тој на­чин што тре­ба да вос­по­ста­ват рам­но­те­жа во ор­га­низ­мот. Во хо­ме­о­па­ти­ја­та, чо­ве­кот се наб­љу­ду­ва ка­ко ед­на ин­те­грал­на це­ли­на – на фи­зич­ко, емо­тив­но и на мен­тал­но ни­во. Хо­ме­о­пат­ски­от трет­ман тре­ба да соз­да­де ед­на рам­но­те­жа што ќе го до­ве­де чо­ве­кот во ед­на кон­ти­ну­и­ра­но из­ба­лан­си­ра­на со­стој­ба. Тој ас­пект би го ка­ра­кте­ри­зи­ра­ла ка­ко мож­ност за по­и­на­ков на­чин на жи­вот. Се­ка­ко, хо­ме­о­па­тот да­ва и со­ве­ти за хи­ги­е­но-ди­е­тет­ски ре­жим, кој ќе му по­мог­не на хо­ме­о­пат­ски­от трет­ман, ка­ко и со­ве­ти за вос­по­ста­ву­ва­ње емо­тив­но-пси­хо­ло­шки ба­ланс при со­о­чу­ва­ње со се­којд­нев­ни проб­ле­ми во со­ци­јал­но­то и ра­бот­но оп­кру­жу­ва­ње­то на чо­ве­кот. Хо­ме­о­па­ти­ја­та не ја иск­лу­чу­ва кла­сич­на­та ме­ди­ци­на и за­тоа е комп­ле­мен­та­рен ме­тод, се на­до­пол­ну­ва­ат ед­на со дру­га.

 

Интервјуто со Искра Јаконова-Стојановска може да го погледнете и на РепубликаТВ.

 

(Пишува: Александра М. Бундалевска | Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top