| четврток, 6 декември 2018 |

Северина постојано плаче на подготовките за турнејата (видео)

Подготовките на Северина за претстојната балканска турнеја се во полн ек. Една од најполуларните балкански пејачки открива дека на пробите се работи напорно, се вложува многу труд, има и многу забава, но и многу емотивни моменти, особено кога ја изведува песната „Добродошао у клуб“.

–      Песната ја доживувам многу емотивно. Така што секогаш плачам кога ја пеам, но не од тага, туку од некакво прочистување и задоволство – признава Северина.

Подготовките се одвиваат во Љубљана. Северина ја вежба кореографијата за песните со танчарскиот тим „Маестро“, а со нов работи режисерот Томаж Пандур.

Како Севе подготвува нов спектакл погледнете во видеото:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top