| четврток, 6 декември 2018 |

Миркуловски: Оваа генерација ја пропушти шансата, време е за промени!

Средниот бек на Македонската ракометна репрезентација кој мораше предвреме да го заврши натпреварот поради директен црвен картон поради груб прекршок, разочаран од поразот сеуште со „жешка“ глава беше краток во изјавата по натпреварот.

– Лошата одбрана го реши мечот, се однесувавме како да играме против некоја којзнае која репрезентација. Игравме со нозе тешки два тона, не знам што беше проблемот. Јас не требаше да добијам црвен картон, но… Мислам дека ова беше последна наша шанса за пласман на ЛОИ во Рио. Можеби е време за промена на генерации, сите сме во зенитот. Сите сме преку 30 години, зборам и за мене. Треба да се размислува за подмладување, ние да ги одиграме уште квалификациите за ЕП во Полска, а подоцна да влезе свежа крв во тимот – изјави Филип Миркуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top