| четврток, 6 декември 2018 |

Како и што се очекуваше, Македонија ќе води битка за четвртфинале до самиот крај од натпреварот

Во натпреварот да се биде или не, Македонија води тешка битка со Словенија во осминафиналето на светското првенство во Катар. Во првите 30 минути Словенија води минимално со 16-15.
Во првиот дел во натпревар полн со набој и многу исклучувањата, двете репрезентации водат беспоштедна битка.
Македонија можеше уште рано по само пет минути игра да ги загуби двајцата клучни играчи Наумче Мојовски и Филип Миркуловски кои се пожалија на повреда. Селекторот Ивица Обрван ги повлече од игра, но за среќа по лекарската интервенција на клупата се вратија во игра и се едни од клучните играчи.
На голот на Словенија е одличниот Шкоф кој успеа да фати дури три пенали, два на Кире Лазаров и еден на Ренато Вугринец, но неможе да ги спречи ударите од крило.
Кире Лазаров е најефикасен со четири голови, а Манасков и Герогиевски постигнаа по три. Обрван ја подели минутажата на голманите, но сеуште неможат да влезат во серија и да ја подигнат атмосферата во нашиот тим.
Кај словенците Скубе е најефикасен со пет погодици од исто толку удари, додека Гаиќ постигна три без промашување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top