Еден на главните адути на Словенија, Урош Зорман на својот твитер профил постави фотографија, со кој продолжува со провокациите кон Ренато Вугринец, на која напиша: „Вуги, ќе си дојдеш утре дома“?
Овој меч ќе биде особено чуден за Ренато Вугринец, ракометарот кој за репрезентацијата на Словенија има одиграно над 200 натпревари и освоено бронзен медал од големите натпреварувања.
Сепак, откако подолг период не доби повик за репрезентацијата на Словенија, доби македонско државјанство, па на овој Мундијал ги брани боите на Македонија. Денеска во 16:30 часот Македонија се сретнува со Словенија во осминафиналниот меч на светското првенство во Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.