| четврток, 6 декември 2018 |

ИХФ му дозволи Вугринец да игра за репрезентацијата на Македонија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван  ќе може да смета на првиот стрелец во Лигата на шампионите Ренато Вугринец за квалификациските дуели за СП во Катар  откако светската ракометна федерација (ИХФ) му дозволи  да настапува за репрезентацијата на Македонија, информираше Ракометната федерација на Македонија.
Ова значи дека ракометарот на Металург ќе игра против Грција, во баражот од квалификациите за Светското првенство во Катар.
Вугринец требаше да игра за Македонија и на ЕП во Данска во јануари годинава, но тогаш вето на одлуката на ИХФ стави претседателот на ЕХФ и случајот беше вратен во Виена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top