Металург стигна до два нови бода во СЕХА-лигата. Го совлада Ловќен со резултат 22:24. Според РК Металург самиот натпревар поминал во огорчена, но и рамноправна игра. Почетокот му припаднал на домашниот состав, кој поведл со резултат 4:1. Металург вратил со серија од шест гола. Ловќен не се предал и успеал, со своја серија од 4:0, повторно да прејде во водството, 8:7. На полувреме Металург заминал со еден гол предност на противникот, 11:10.
Во второто полувреме брзо е анулирана противничката предност. Се менував водството, се до резултат 16:16. Од тој момент па се до крајот на средбата, Металург ги контролира и играта и резултатот, постигнувајќи победа со резултат 22:24.
Вугринец постигнал седум гола. Во Скопје се враќа Наумче Мојсовски, кој чувствува болки на прстите од десната рака и прима терапија.
РК Ловќен – РК Металург 22:24 (11:10)
Металург: Станиќ, Ангелов, Митревски, Вугринец 7, Ракчевиќ 2, Георгиевски 2, Козлина 3, З.Мојсоски 3, Н.Мојсовски 5, Додер 1, Алушовски 1, Левов, Маркоски, Батиновиќ, Миркуловски, Мандиќ и Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.