Со 30 милиони денари или 500.000 евра Владата годинава ќе го поддржи учеството на македонските земјоделски компании на најрелевантните светски саеми и настани.
Како што рече денеска владиниот портпарол Алексдандар Ѓорѓиев, ова е само продолжување на досегашната позитивна практика која даде одлични резултати. Целта не е да се промовираат одредени компании и нивни производи, туку напротив, да се овозможи групно, заедничко претставување на македонското овошје, зеленчук, вино,…
– Идејата е да се промовира бреднот на македонското земјоделско производство, да се создадат нови бизнис контакти, да се зачуваат постојните и да се освојат нови пазари, да се зголеми извозот, нагласи Ѓорѓиев.
Финансиската поддршка ќе се реализира во две категории: средства за организирано учество на саеми и средства за присуство на таргетирани настани за промоција на македонските вина.
– Во однос на првата категорија, ќе се покриваат трошоците за закуп на штандови, нивно брендирање и промоција на производите, додека во однос на втората, се обезбедува поддршка за закуп на простории, објава во дел од медиумите и изработка на промотивен материјал, објасни Ѓорѓиев.
Според него, ќе се поддржи учеството на најголемиот европски саем за земјоделство „Фруит логистика“ во Берлин, на саемот „Провајн“ во Дизелдорф, на ноемврискиот саем за вино и пијалаци во Хонг Конг, на саемите во Келн, Варшава и други каде е оргомена посетеноста на компании од областа на земјоделството. Се разговара и за учество на саемот „Провајн“ во Шангај.
Промоцијата на македонското вино, пак, годинава ќе биде фокусирана главно на американскиот пазар каде во повеќе градови во мај и јуни ќе бидат организирани низа презентации. Домашното вино ќе биде претставено и во Европа – Холандија, Данска, Словенија, Англија, Швајцарија…
Поддршката за учество на саеми и таргетирани настани за промоција на нашите земјоделски производи, потсети портпаролот, е дел од проектот креиран во соработка со здруженијата на производители на вино и на овошје и зеленчук, економските промотори и стопанските комори, под патронат на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во 2013 година оваа владина мерка резултирала со склучени зделки вредни преку 12 милиони евра.
Одговорајќи на новинарски прашања, Ѓорѓиев подвлече дека Владата интензивно го поддржува земјоделството, во сите сегменти меѓу кои подобрување на производството и особено квалитетот. Притоа значително се води сметка за стандардизирање на амбалажата и дизајнот зашто тоа значи поголема конкурентност и поголем профит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности


